Вучиќ ќе прими и трета доза вакцина против Ковид-19

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе ја прими третата доза, кинеска вакцина, како и дека верува оти лекарската професија ќе донесе одлука третата доза да ја добие секој што бил вакциниран пред повеќе од шест месеци. Вучиќ порача дека ќе им каже на сите да ја примат третата доза на вакцината после шест месеци, без оглед на вакцината што ја примиле.

-Чекам да кажат дали советот е да се прими друга или иста вакцина, ако нема таков совет, јас ќе ја примам истата (кинеската), но тоа е прашање на избор на луѓето, изјави Вучиќ.

Тој напомена дека луѓето кои ја примиле вакцината пред шест месеци веќе не се толку отпорни и можат полесно да се заразат и да се разболат, и затоа е потребна трета доза на вакцината.

Тој посочи дека во моментов Србија има на располагање 1,3 милиони вакцини, како и уште 120 000 вакцини за оние кои треба да ја добијат втора доза.

Вучиќ оцени дека кинеската вакцина побавно произведува антитела од „Фајзер”, „Астра зенека” и „Спутник”, но дека кинеска вакцина е традиционална вакцина која воопшто нема ризик.

-Не велам дека другите имаат, но кинеската нема ризик за ништо, додаде српскиот претседател.

Вучиќ оцени дека сега работите во Србија се полоши во однос на бројот на заразени отколку порано и уште еднаш ги замоли луѓето да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ѓукановиќ сака Црна Гора без Срби

Вучиќ му го предаде на Додик нацрт-законот за заштита на српскиот јазик и кирилицата

Ана Ололовска

Вучиќ со предизвик до Твитер: Едвај чекам да ме исклучите, ваш послушник не можам да бидам

Ана Ололовска

Kина досега дистрибуирала над 700 милиони вакцини во повеќе од 100 земји

Мицкоски се сретна со Вучиќ: „Мини Шенген“ не е алтернатива на ЕУ, туку премостување на бариерите

Вучиќ: Имаше позитивни и негативни реакции, но иницијативата „Отворен Балкан“ е во интерес на регионот

Ана Ололовска