Kина досега дистрибуирала над 700 милиони вакцини во повеќе од 100 земји

Од:

Кина достави 770 милиони дози вакцини против Ковид-19 на повеќе од 100 земји и меѓународни организации, изјави високиот функционер на Министерството за надворешни работи (ВМ), Ванг Сијаолунг.

Вакцините беа дадени на повеќе начини, вклучително и донации, извоз и заедничко производство, кои ги користеа стотици милиони луѓе ширум светот, изјави за меѓународните медиуми Ванг Сијаолунг, генерален директор на Одделот за меѓународни економски прашања при кинеското МНР.

На првиот состанок на Меѓународниот форум за соработка во областа на вакцинација против Ковид -19, кинескиот претседател Си Џинпинг во писмена порака рече дека Кина ќе се стреми да обезбеди две милијарди дози вакцини за светот во текот на годината и ќе понуди 100 милиони долари за КОВАКС механизмаот за да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против Ковид-19.

– Ова ветување значи дека Кина е подготвена да обезбеди ефикасни и безбедни вакцини за речиси 10 проценти од светското население надвор од земјата, а во исто време да ги задоволи домашните потреби за вакцинација, рече Ванг.

Тој рече дека првата серија помош во вакцини беше обезбедена на 1 февруари 2021 година, додавајќи дека за многу земји во развој, кинеските вакцини биле првата серија вакцини што ги примиле, а исто така и единствените што подолг период им биле на располагање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ќе прими и трета доза вакцина против Ковид-19

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус

Кина ја одобри за итна употреба вакцината Синовак за деца на возраст од 3 до 17 години

Околу илјади 40 дози од вакцината„АстраЗенека“ пристигнуваат денеска, утре 100 илјади од „Синофарм“

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заради Филипче и Заев вакцините доцнеа 5 месеци

Катерина Павлова-Николовска

Во Тетово дневно ќе се вакцинираат по 1500 луѓе

Катерина Павлова-Николовска