Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести во Ерусалим

Од:

Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести од Тел Авив во Ерусалим, по примерот на САД кои тоа го сторија во мај годинава, јави ДПА,

Претставник на чешкиот претседател Милош Земан информира дека отворањето на Чешкиот културен центар во Ерусалим, предвидено за во ноември, може да претставува прв чекор кон преместувањето на Амбасадата.

– Тој чекор може да биде преземен само во согласност со меѓународното право, додаде претставникот на Земан.

Преместувањето на Американсата амбасада од Тел Авив во Ерусалим предизвика жестоки реакции и протести на Палестинците и најголемиот број арапски и муслимански држави.

Согласно Резолузицјата на ОН за создавање на Државата Израел за нејзин главен град е прогласен Тал Авив, став што го почитуваат најголемиот дел од земјите од светот. Меѓутоа, Израел од своја страна за свој „единствен и неделив главен град“ го смета Ерусалим, каде што се сместени и сите државни институции.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски