Чешка ќе добие воена помош во вредност од 106 милиони долари од САД, јави агенцијата ДПА.
„Овој подарок го сметаме за израз на благодарност за начинот на кој Чешка и помага на Украина од почетокот на конфликтот“, рече чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.
Амбасадата на САД во Чешка потврди дека се доделени сто милиони долари во рамките на Програмата за надворешно воено финансирање, што предвидува средства за купување исклучиво американска воена опрема. Дополнителни шест милиони долари се предвидени за изградба на центар за кибер-безбедност.
Извор: МИА