Чешките власти ги мобилизираат резервите на вакцни против тетанус, хепатитис А и Б и останати инфекции кои можат да го загрозат населението поради поплавите кои изминативе денови ја зафатија земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Раководителот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Владимир Валента ги повика граѓаните доколку е потребно да се превакцинираат против тетанус.
Здравствените осигурителни компании најавија акции на вакцинација и понудија со мал надомест или бесплатнао вакцинацација против жолтица А и Б за граѓаните кои се загрозени од поплавите како и за сите останати кои за тоа ќе бидат заинтересирани.
Поради последиците од поплавите, над 19.000 луѓе се евакуирани, осум лица го загубија животот, а четири се сметаат за исчезнати.