Меѓу „поновите“ земји-членки на ЕУ, кои влегоа во заедницата по 2004 година, Чешка е една од земјите која најмногу привлекува граѓани од останатите европски земји, јави дописникот на МИА од Прага.
Според годишниот извештај на Еуростат, во земјата живеат повеќе од 150.000 луѓе од Словачка, Полска, Австрија, Германија и други земји-членки на Унијата.
Чешка, меѓу посткомунистичките земји во ЕУ, е една од најголемите атракции и за луѓето од останатиот дел на светот и во неа свој нов дом нашле околу 270.000 имигранти.