Чешка бара меѓународен суд за руските злосторства

Од:

Чешката Република, претседавач на Европската Унија, вчера повика на основање „специјален меѓународен суд“ каде што ќе се суди за злосторствата извршени врз цивили во украинската војна.

Владата во Прага предложи воспоставување на еден вид хашки трибунал поради злосторствата во Изјум, град во североисточна Украина, каде што беше откриена масовна гробница по повлекувањето на руската армија.

„Русија зад себе остави масовни гробови на стотици стрелани и измачувани луѓе во областа на Изјум. Во 21 век, ваквите напади врз цивилите се незамисливи и гнасни. Не смееме тоа да го занемариме“, напиша чешкиот министер за надворешни работи на Твитер.

Липавски додаде дека Чешка се залага за казнување на сите воени злосторници и повика на брзо формирање специјален суд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он