Чехословачката тајна полиција направила досие за Трамп, тврди прашки неделник

Од:

Досие за Доналд Трамп направила тајната полиција на Чехословачка по неговата венчавка со Чехињата Ивана Зелницкова, објави прашкиот неделник „Респект“.

– Да, Трамп беше во нашиот фокус на интерес, изјави Властимил Данек, поранешен подрачен шеф на СтБ (државната безбедносна служба) во Готвалдов (денешен Злин), роден град на Ивана Трамп.

– Знаевме дека Трамп е влијателен. Не криеше дека сака да биде претседател. Сакавме повеќе да дознаеме за него, изјави Данек. Во 1978 година СтБ прво отовориле досие за Ивана Зелницкова, а потоа го дополниле со информации за нејзиниот сопруг, објави „Респект“, кои тој напис го направиле заедно со британски „Гардијан“. Во 1977 година Ивана, поранешна скијачка и манекенка која подоцна станала бизнисменка, се омажила за Трамп со кого има три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерика.

Трамп почнал да размислува за претседателска кандидатура во 1986 година, но се откажал бидејќи мислел дека е премлад (41 година).

„Сака да се кандидира како политички независен кандидат. Не е член ниту на Демократската ниту на Републиканската партија, иако и двете го сакаат кај себе“, се вели во досието. – Иако е нереално, Доналд Трамп е сигурен во победа.

СтБ е распуштен во 1990 година.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд