Чеченскиот претседател изрази подготвеност да им се приклучи на бунтовниците во Украина

Од:

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, во интервју за руска телевизија изјави дека е подготвен да ја напушти својата функција и да замине да се бори против владините сили во Украина, пренесе ТАСС.

Во интервју за телевизијата НТВ, Кадиров е прашан каков однес има кон кривичниот предмет што против него е почнат во Украина и посебно кон заканите од Киев дека ќе биде пуштена меѓународната потерница против него? „Тие можат да дрдорат што сакаат. Имам намера да го замолам претседателот (Владимир Путин), така да се каже, да ме распушти од оваа функција за да заминам за Донбас и таму да го штитам интересот на граѓаните кои денеска војуваат таму“, одговори Кадиров.

Според ТАСС, интервјуто на Кадиров вечерва ќе се емитува на рускиот ТВ канал.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска

САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Жарко Настоски