Чидерот на Чеченската република Рамзан Кадиров ги обвини западните тајни служби за убиство на рускиот политичар од опозицијата Бориц Немцов, застрелан синоќа во Москва, јави ТАСС.
– Единствено сили, заинтересирани да предизвикуваат тензии, би се одлучиле на ваков предавнички чекор. Организаторите на убиството се надеваа целиот свет да го обвини државното раководство за смртта на Немцов и да предизвика протести. Нема никакви сомненија дека убиството на Немцов е организирано од тајните служби на Западот, чиј стремеж е на секаков начин да предизвикаат внатрешен конфликт во Русија. Таква е нивната практика. Прво приближуваат некого кон себе си, го нарекуваат пријател на Америка и Европа, и потоа го жртвуваат, за да го обвинат политичкото раководство, тврди чеченскиот лидер.