Чавушоглу телефонски разговараше со министерот за надворешни работи на талибанската Влада на Авганистан

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со министерот за надворешни работи во талибанската Влада на Авганистан, Амир Кан Мутаќи, јави агенцијата Анадолија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Мутаќи му посакал брзо оздравување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е заразен со коронавирусот, и му се заблагодарил за првиот хуманитарен воз кој донесе хуманитарна помош од Турција во Авганистан.

Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, истакнал дека наскоро се очекува нов хуманитарен воз да тргне кон Авганистан.

Чавушоглу во разговорот со Мутаќи нагласил дека воспоставувањето инклузивна влада во Авганистан е важно за стабилноста и мирот на земјата. Тој, исто така, ја изразил загриженоста на Турција поради информациите за исчезнувањето на повеќе активистки во Авганистан, информира Анадолија.

Истакнувајќи дека е важно и образованието на девојчињата, Чавушоглу наведе дека турските власти ги следат позитивните чекори преземени во Авганистан во тој поглед.

Чавушоглу и Мутаќи разговараа и за прашањето за повторно активирање на училиштата „Маариф“ во Авганистан.

Една од темите беа и преговорите кои се водат за работата на аеродромите во Авганистан, со кои би можеле да управуваат Турција и Катар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски