Властите на Ирачки Курдистан направија погрешна проценка со организирањето на референдумот за независност на регионот, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Според него, со акцијата на ирачката армија за преземање на контролата над градот Киркук, кој досега го држеа курдските сили пешмерга, е „исправена грешката“ што ја направија Курдите со организирањето на „забранетиот референдум за независност“, одржан на 25 минатиот месец.
– Лидерите на ирачките Курди направија лоша проценка и не ги послушаа препораките на Турција. Мислеа дека ќе имаат дополнителна корист, но немаа. Мислеа дека ќе ги обединат Курдите, но наместо тоа ги победлија Курдите во Ирак. Сега таму владее огромен хаос и конфузија, изјави Чавушоглу на прес-конференција во Анкара.
Властите на Ирачки Курдистан, кои одржуваа добри односи со Анкара, не ги прифатија советите на Турција да се откажат од идејата за организирање референдум за независност.
По рефендумот, Турција, заедно со централната Влада во Багдад и Иран, воведоа ограничени санкции кон Ирачки Курдистан.