Часовникот на зградата на боливискиот парламент, која се наоѓа на централниот плоштад во Ла Паз, го покажува времето нананзад, од лево кон десно, со обратно поставени бројки во знак на почит кон идентитетот на јужните народи, соопштија локалните власти.
Како што пренесе „Франс прес“ новиот бронзен часовник е заменет со стар со римски бројки, кој бил единствениот орнамент во собраниската зграда која што датира од 1905 година.
-Овој часовник покажува дека за нас Север е на Југ. Оваа промена укажува на потребата да се стави точка на неправдата на Север, така што на Југ ќе се воспостави нов светски поредок- порача преку „Твитер“, претседателот на долниот дом Марсело Елио.
Е. Г.