Со часови се држел за жица и чекал спасувачи по рушењето на надвозникот во Џенова

Од:

Трудницата Џулија Органо опишува како нејзиниот дечко го преживеал рушењето на мостот во Џенова држејќи се за жица 20 метри над земјата.

Џанлука Ардини (29) се занимава со продажба на видео игри, а во моментот кога се рушел мостот Моранди во Џенови поминувал преку него за да испорача роба. Неговиот колега Мати Алтадона (34), кој бил заедно со него во колата паднал 45 метри и настрадал. Меѓутоа Џанлука преживеал откако се фатил за жица, на која што висел со часови, иако го исчашил рамото.

– Не знам како да го опишам тоа што се случи, освен дека е чудо. Не можам ни да помислам што му поминувало низ глава додека со часови висел држејќи се за жицата, раскажува Џулија Органо.

Таа рекла дека не разговарала со дечкото по несреќата, а ситуацијата ѝ ја раскажале спасувачите.

Џулија раскажува дека Џанлука има болки, но оти не е животно загрозен.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он