Чад домаќин на годишни воени вежби на САД со армии од африкански држави

Од:

Американски војници почнуваат оваа недела во Чад годишни воени вежби со армии од африкански држави, во момент кога се зголемува заканата од нигериската екстремистичка група Боко харам.

Во маневрите што ќе траат до 9 март ќе учествуваат 1.300 војници од 28 држави.

Тие ќе вклучат сили за борба со тероризмот како и војници од државите што ветија поддршка за Нигерија во борбата против џихадистите. Првите такви вежби се одржаа во 2006 година.

– Треба да се спротиставиме на тој голем предизвик за безбедноста, што предизвикува длабока загриженост. Тоа е тешка задача бидејќи тероризмот нема лице ниту јурисдикција, нагласи чадскиот генерал Брахим Сеид Махамат на церемонијата на отворање на вежбите. Држава домаќин е Чад, но дел од операциите ќе се извршуваат во Нигер, Нигерија, Камерун и Тунис.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД