Научниците од Европската организација за нуклеарна физика (ЦЕРН) денеска соопштија дека е откриена нова субатомска честичка, која би можела да биде Хигсовиот бозон, која поради карактеристиките ја нарекуваат и „Божја честичка“ поради улогата во создавањето на универзумот.
„Ова се прелиминарни резултати, но веруваме дека имаме цврсти основи“, изјави Џо Инкандела, портпарол на една од двете научни екипи на ЦЕРН, кои работаат на проектите АТЛАС и ЦМС.
Доколку се потврди дека е пронајден Хигсовиот бозон, тоа би било најголемо откритие во последните 60 години.
Постоењето на оваа честичка го отвора патот за подобро разбирање на принципот на „големата експлозија“ и настанувањето на универзумот, дури и на животот.