Големиот акцелератор (Large Hadron Collider – LHC), кој се наоѓа во близина на Женева, повтотно ќе биде вклучен во март идната година, а неколку недели подоцна повторно ќе се судрат субатомски честички, но со речиси двојно поголема сила.
Најголемиот и најсилниот акцелератор на честички во светот, чија задача е да им помогне на научниците во откривањето на тајните на универзумот, беше исклучен две години за да се унапреди и да се отстранат поединечни технички недостатоци.
Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) соопшти дека ЛХЦ ќе биде целосно подготвен во март, а првата колизија протонски зраци ќе биде во мај.
– Со ново ниво на енергија, акцелераторот ќе отвори нови хоризонти за физиката и за идните откритија. Со нетрпение чекам да видам што природата ќе ни донесе, изјави Ролф Хојер, генералниот директор на ЦЕРН.
ЛХЦ стана познат по мисијата на пронаоѓање на Хигисовиот бозон.