Цените на нафтата највисоки од 2014 година

Од:

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од октомври 2014 година, како резултат на растечките геополитички тензии, намаленото производство и очекувањата за поголема побарувачка. Инвеститорите се загрижени дека глобалните политички тензии во кои се вклучени некои од најголемите светски производители на нафта може да ги влошат ионака ограничените изгледи за снабдување.

Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време. На првиот ден од оваа година цената на нафтата WTI беше нешто повисока од 75 долари за барел, а нафтата од типот брент чинеше помалку од 78 долари за барел. Загриженоста за испораките се зголеми оваа недела откако јеменските Хути нападнаа цели во Обединетите Арапски Емирати. Ова ги интензивираше непријателствата меѓу Хутите поврзани со Иран и коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот