Цените на горивата во Германија достигнаа историски рекорди

Од:

Горивото во Германија достигна рекордни цени. Еден литар „Супер“ на бензинските пумпи во Германија во просек денеска чини 1,712 евра, а дизел 1,640 евра, соборувајќи го ценовниот рекорд од 2012 година, објави денеска Германскиот генерален автомобилски клуб (ADAC).

– Многу возачи се загрижени за сегашниот пораст на цените, изјави експертот за цени на горивото во ADAC, Јурген Албрехт.

Причината за рекордната цена на горивото тој ја гледа во комбинација од неколку фактори, како што се зголемената побарувачка за енергенси и тензиите меѓу Русија и Украина.

Алберхт смета дека цената на горивата би можела да се намали во наредните месеци поради најавеното зголемено производство, што го најавија земјите кои се наоѓаат во организацијата на производителите на нафта ОПЕК.

ADAC, исто така, верува дека перцепциите за растот на цените во моментов се под влијание на случувањата за време на пандемијата на Ковид-19, кога, поради намалената побарувачка, цените на енергенсите забележаа пад на глобално ниво.

Пред една година цената на „дизелот“ беше под границата од едно евро. Последен пат цените на горивото беа толку високи во септември 2012 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Поскапи горива од полноќ

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори