Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Од:

Украина им достави на САД и на Велика Британија список на потенцијални цели во Русија за напади со западно оружје, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани европски дипломати.

Меѓу целите се воени командни и контролни центри, складишта за гориво и оружје.

Првично, украинските власти сакаа да користат ракети АТАКМС за да ги нападнат руските воздушни бази, но Пентагон одговори дека речиси сите воени аеродроми каде што се наоѓаат главните ударни сили на руската авијација се надвор од дострелот на овие ракети.

Се очекува Лондон да побара одобрение од Вашингтон да ги користи своите ракети против цели длабоко во руската територија.

Париз ќе ја донесе својата одлука, изјави француски дипломатски извор, пренесува Ројтерс. Сепак, некои американски официјални лица се скептични во врска со изгледите за напад со нивното оружје.

Тие забележуваат дека Украина веќе користи беспилотни летала против цели длабоко во руската територија, а западните ракети се „премногу скапи и премногу ограничени по број за да ја променат динамиката на војната“.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција