Иднината не може да се предвиди, но сепак најверојатно целата технологија со која располагаме во мометов ќе ни биде вградена во нашите очи.
„Непотребниот извештај“ е добар пример за тоа од научната фантастика, а „Гугл очилата“ се најдобра варијанта реализирана во реалниот свет.
Со помош на најновите откритија во технологита, кобинирани со медицината и комјутерската индустрија, во наредните години со нашите очи ќе можеме да следиме бројни апликации што ќе ни помагаат каде и да одиме и што и да правиме. Се ќе ни биде достапно само за миг, со само едно трепнување на нашето сетило за вид.
Како и сите поголомени пронајдоци, и овој начин на „дополнителни очни помагала“ има добри и лоши страни. Добрата е што нема да губиме толку многу време на непотребни работи кои секојдневно ни го одвлекуваат вниманието, толку многу присутни во модерниот живот. Пример кога разговараме на мобилен телефон, па сакаме да погледнеме некое барање, па нешто да постираме на „фејсбук“, да погледнеме нечиј друг пост и слично.
Од друга страна, на интернет веќе е се достапно, напишано и направено, што и наједноставните и најкомлицираните работи ќе можат сите да ги прават со помош на разните апликации, да си направат појадок, ручек или вечера, но наспроти таквиот начин на живот, без истите тие програми не би знаеле како да спржиме ни јајце.
Покрај тоа, со приклучувањто на оваа технологија во своите тела, немаме апсолутно никаква слобода од системот, тој ќе биде постојано присутен и премногу лесно достапен – а можеби и ние ќе му станеме робови, без да знаеме кој точно го конторлира него, а преку него и нас.
Sight from Sight Systems on Vimeo.