CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Од:

Околу 1.500 активни американски воени лица се ставени во состојба на готовност за евентуално распоредување во Минеаполис, Минесота, потврдија безбедносните претставници за CBS News, по протестите во Минеаполис по пукањето во американската државјанка Рене Гуд од страна на агент на Службата за имиграција и царина (ICE).

Војници од 11-та воздушно-десантна дивизија во Алјаска би можеле да бидат распоредени доколку претседателот Доналд Трамп одлучи да користи активни воени сили за да одговори на протестите, но конечна одлука сè уште не е донесена.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека „Министерството за одбрана е секогаш подготвено да ги извршува наредбите на Врховниот командант доколку биде повикано“.

Би можело да ве интересира

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин