Бурунди им нареди на лекари и претставник на СЗО да ја напуштат земјата

Од:

Бурунди му нареди на претставникот на Светската здравствена организација и тројца други здравствени експерти да ја напуштат земјата во наредните 48 часа, јави Би-Би-Си.

Министерството за надворешни работи на Бурунди не ја наведе причината за оваа одлука.

Владата на земјата е критикувана поради намерата да одржи избори на 20 мај во екот на пандемијата на коронавирусот. На митинзите на претседателските кандидати може да се забележи дека никој од учесниците не ги почитува мерките за заштита.

Во Бурунди, од почетокот на пандемијата се пријавени 15 случаи на заразени со коронавирусот и еден починат, но хуманитарната организација „Меѓународна кризна група“ наведува дека вистинските бројки би можеле да бидат повисоки.

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он