Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Од:

Буркина Фасо побара заминување на француските војници од нејзината територија во рок од еден месец, се наведува во писмото на властите што го објавија француски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Во тоа писмо од Министерството за надворешни работи на Буркина Фасо упатено до Париз и датирано од среда, Уагадугу „целосно го осудува и става крај на договорот“ од 17 декември 2018 година во врска со статусот на француските вооружени сили кои интервенираат во таа земја.

Понатаму наведуваат дека со тој договор се наложува „отказен рок од еден месец“.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека чека „појаснувања“ од новиот шеф на хунтата на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре.

На прес-конференција во Париз, Макрон рече дека пораката од Буркина Фасо е „збунувачка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска

Во напад на екстремистите во Буркина Фасо убиени 100 цивили

А1он