Ураганот Јан добива на сила додека се приближува до Куба на пат кон Флорида, каде што се очекува да падне на западниот брег веќе во среда како ураган од четврта категорија.
Се очекува Јан да го означи западниот врв на Куба како сериозен ураган, а потоа да стане уште посилен, движејќи се низ топлите води на Мексиканскиот Залив кон Флорида, со ветрови до 145 милји на час.
We may be getting to point soon when we can start saying there will be significant impacts on our coast from #Ian. Yes, there may be track shifts west, but even a storm passing 100 miles west of us can cause big water problems. Next 24 hours will be critical. pic.twitter.com/80Lwvi6Hbt
— Paul Dellegatto⚡️FOX (@PaulFox13) September 25, 2022
Се предвидува дека градовите Тампа и Санкт Петербург ќе бидат најверојатните мети на Јан на брегот на Флорида и тоа ќе биде прва директна конфронтација меѓу двата града со ураган од 1921 година.
“Ве молиме, сфатете ја сериозно заканата од оваа бура. Ова навистина се случува. Ова не е вежба“, рече Тимоти Дадли, директор на службите за итни случаи за округот Хилсборо во Флорида, кој ја опфаќа Тампа.
Our quiet weather continues but things are busier out east. The Gulf Coast is keeping an eye on Tropical Strom #Ian which will become a major hurricane this week. Here is the latest forecast by the @NHC_Atlantic. Latest forecasts at https://t.co/3TBfudScqg. pic.twitter.com/IaGTmPDJum
— NWS Sacramento (@NWSSacramento) September 25, 2022
На крајниот запад на Куба, во провинцијата Пинар дел Рио, училиштата беа суспендирани, а здравствените работници и итните служби беа испратени на терен.
Според кубанските државни медиуми, планирана е евакуација на 20 населени места “во најкус можен рок“, а преземени се мерки за заштита на резервите на храна во магацините.
И американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба и ги овласти надлежните федерални служби да ги координираат операциите за чистење на последиците од ураганот.