Авганистанските бунтовници, денес во Дајак во провинцијата Газни, на контролен пункт убија шест полицајци, додека во самоубиствен напад на пазар во соседната провинција Пактик настрадаа тројца цивили.
Помеѓу жртвите во бомбашкиот напад, е и поранешниот гувернер на дистриктот Асанулах Садат. Одговорноста за нападите ја презедоа талибанци.
Претставник на талибанците, Забијулах Муџахид во електронска порака до медиумите наведе дека причина поради која талибанците го извеле нападот, бил Садат односно неговата врска со владата на Кабул и Вашингтон.
Според податоците на „Асошиејтед прес“ во Авганистан овој месец се убиени 222 лица, што е најголем месечен биланс од почеток на годинава.
Елена Георгиевска