Бунтовничките сили влегоа во главниот град на Тигреј, откако етиопската Влада прогласи прекин на огнот

Од:

Силите лојални на поранешните дисидентски власти во Тиграј влегоа во Мекеле, главниот град на овој побунет регион од северна Етиопија, каде што владата вчера прогласи „прекин на огнот“ по речиси осум месеци борби, што претставува пресвртна точка во конфликтот.

Федералната влада засега ништо не коментираше и вчеравечер само прогласи „едностран прекин на огнот“, јавија неколку државни медиуми.

„За да можат земјоделците мирно да работат и за да може се распредели хуманитарна помош без воена активност, а преостанатите воени сили на ТПФЛ да можат да продолжат по мирен пат, на 28 јуни е прогласен едностран прекин на огнот до завршувањето на сезоната на обработка на земјата“ соопшти владата во соопштение.

Мекеле на 28 ноември 2020 година беше заземен од федералната етиопска армија, три недели откако етиопскиот премиер Абиј Ахмед ја почна офанзивата за соборување на дисидентските локални власти, формирани од Фронтот за ослободување на народите на Тигреј (ТПЛФ).

Одлуката за оваа „полициска операција“ беше донесена откако силите лојални на ТПФЛ ги нападнаа воените бази, се правдаше Абиј Ахмед, добитникот на Нобеловата награда за мир во 2019 година.

И покрај победата прогласена по падот на Мекела, судирите меѓу силите наклонети на ТПЛФ, наречени Тигрејски одбранбени сили (ТДФ) и етиопската федерална армија, поддржана од единиците на соседните регионални власти на Амхара и еритрејската армија, што се граничи со Тиграј, никогаш не престанаа.

ТДФ минатата недела почна офанзива, кога се одржаа избори во поголем дел од земјата, чии резултати се уште не се објавени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он