Бундестагот збунет од обвинувањата на Украина

Од:

Претседателката на Комисијата за одбрана во Бундестагот, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, ги повика властите во Киев да користат поумерена реторика кога станува збор за испораките на оружје за Германија.

– Целосно разбирам дека нервите на претставниците на Украина се на работ, но не ги разбирам постојаните вербални напади на Украина врз нас, рече таа во интервју за ДПА.

Според неа, германската влада ги отфрлила повеќекратните барања на Украина за испорака на оружје, наведувајќи го фактот дека Берлин од 2014 година доделил две милијарди евра на Киев за реализација на различни цивилни проекти.

– Во последниве години, Германија и беше голема помош на Украина поради чувство на одговорност и пријателство. Затоа, среде емотивна борба, украинските власти не треба да ги мешаат пријателите и непријателите. Би било соодветно малку умереност. истакна таа.

Германија ја отфрли можноста за испорака на оружје во Украина, укажувајќи на рестриктивната политика за извоз на оружје на земјата, која не дозволува испраќање оружје во регионите со конфликти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски