Бундестагот повторно нападнат од интернет вирус

Од:

Според анализите на компанијата Г -Дата СекуритиЛабс, германскиот парламент минатата недела повторно бил цел на дигитален напад од се уште непозната криминална група, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според компанијата не може да се утврди точно дали новиот упад е дел од нова илегална операција или е продолжение на инцидентот од крајот на Мај кога вирус целосно ја блокираше мрежата на Бундестагот.
Анализите покажуваат дека во нападот е користен вирус од типот „Тројан Сватбанкер“ кој што првично го нападнат домеинот „бундестаг.бтг“ меѓу 8 и 10 јуни при што целосно го совладал програмата за заштита на федералниот парламент.

Доколку се потврди дека некој од надвор успеал да вметне ваков вирус во Бундестагот тоа ќе значи дека напаѓачите ги имаат добиено сите информации внесени во мрежата дури и тајните документи кои што според законот не се достапни за јавноста. Не се исклучува ниту дека напаѓачите можат преку специјален вметнат софтвер можат да ги контролираа сите компјутери на кои што работат германските пратеници и администрацијата на парламентот. Дел од геманските медиуми предходно шпекулираа дека напаѓачите имаат врска со Русија или Кина но двете земји негираат дека биле дел од нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он