Бундестагот повторно ја отфрли нацрт-резолуцијата за испорака на ракети „Таурус“ за Киев

Од:

Германскиот Бундестаг повторно ја отфрли нацрт-резолуцијата со барање до германската влада да започне со испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев.

На гласањето во кое учествуваа 690 пратеници, пратениците се изјаснија за или против препораката до Комисијата за одбрана да не ја усвои предлог-резолуцијата.

За гласаа 495 пратеници, 190 беа против, а пет беа воздржани.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус рече дека испраќајќи ракети со долг дострел во Киев, вклучително и германските ракети „Таурус“, нема да биде од одлучувачко значење за украинскиот конфликт и Германија нема намера да ја премине оваа граница.

Претходно, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин се воздржува од испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев, бидејќи тие имаат дострел да погодат цели во Москва.

Шефот на владата напомена дека би било неопходно да се испратат германски војници во Украина за да се обезбеди контрола на употребата на ракетите „Таурус“, но, според него, тоа не доаѓа предвид.

Би можело да ве интересира

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија