Букурешт со осуда на плановите на Унгарија за изградба на ограда кон Романија

Од:

Романското Министер за надворешни работи денеска ја осуди најавта на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто дека Унгарија би можела да изгради ограда долж границата кон Романија, по примерот на онаа кон Србија, доколку бегалците ја променат својат маршрута и почнат да влегуваат во земјата од романска територија.

– Изградбата на ограда меѓу две земји-членки на ЕУ, кои се и стратешки партнери, е некоректен гест од политичка гледна точка и не е во согласност со европскиот дух, оцени романското Министерство.

Во соопштението се наведува и дека Букурешт бил официјално информиран од унгарска страна за ваквите планови, непосредно пред Сијарто денеска да ги обелодени на прес-конференција во Будимпешта.

– Решивме да започнеме подготвителни работи за изградба на ограда долж унгарско-романската граница со разумна должина, во случај имигрантскиот притисок да се насочи кон Романија, изјави Сијарто.

За да го спречи приливот на илегални имигранти во земјата, Унгарија веќе изгради ограда на својата граница кон Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он