Буџет за одбрана: Франција ќе мора да „избори“, предупредува Судот на ревизори

Од:

Буџетот на Министерството за вооружени сили на Франција повторно ќе порасне во 2022 година на 40,9 милијарди евра, за да се достигне целта од 50 милијарди во 2025 година, јави дописникот на МИА.

Зголемувањето на заканите, илустрирано со војната во Украина, го оправдува продолжувањето на француските буџетски напори во областа на одбраната, но „ќе мора да се направат арбитражи“ со оглед на влошувањето на јавните финансии, предупредува Судот на ревизори во извештајот. објавено денес.

„Потребни се континуирани буџетски напори во поглед на порастот и диверзификацијата на заканите, но одржливоста на јавните финансии мора да се зачува“, додека јавните сметки се под голем притисок од здравствената криза и со конфликтот во Украина, коментира претседателот на Судот, Пјер Московиси, за време на презентацијата на извештајот за „Законот за воено програмирање (ЗПМ) 2019-2025 година и капацитетите на армиите“. Исто така, „ќе треба да се направат арбитражи и да се најде простор за маневрирање“, предлага тој. Во овој извештај, напишан пред почетокот на конфликтот во Украина на крајот на февруари, Судот на ревизори го поздравува извршувањето на буџетот на првите години (2019-2021) на ЗПМ „во согласност со програмирањето, за прв пат за две децении“.

Емануел Макрон во 2017 година започна нагло зголемување на кредитите за одбрана по повеќе години на намалување. Буџетот на Министерството за вооружени сили повторно ќе се зголеми во 2022 година, на 40,9 милијарди евра, во согласност со ЗПМ 2019-2025 година, кој планира да достигне 50 милијарди евра во 2025 година. Сепак, „стратешкиот контекст бара да ги почитуваме поставени цели“, смета Судот, исклучувајќи го намалувањето на капацитетите на армиите. Две сценарија се на маса, според извештајот: „потврдување на амбициите на ЗПМ“, што „ќе бара тешки компромиси со другите јавни трошоци“ за Франција да може да ја исполни својата посветеност да го намали својот дефицит на 3% од БДП до 2027 година. Или да се „избере големо ребалансирање меѓу капацитетите, како оние што ги направи Обединетото Кралство во 2021 година“, особено на штета на нејзините копнени сили.

„Судот не препорачува Франција, континентална сила чија амбиција за стратешка автономија за себе и за Европа ја разликува од Обединетото Кралство, да прави идентични избори, но акцентирањето на сопствените стратешки приоритети изгледа неизбежно“, подвлекува Пјер Московиси.

Судот на ревизори предлага особено „да се развие оперативна соработка“ со европските партнери, па дури и „да се размисли за исклучување од одредени мисии“, како што е Сентинел, на националната територија, што би можело да се префрли на внатрешните безбедносни сили. Покрај трошоците (140 милиони евра во 2020 година, покрај 200 милиони евра кадровски трошоци), оваа мисија „исто така го нарушува и циклусот на воена обука и ја намалува привлечноста на професијата за подофицерите “.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата