Буданов: Разузнавачката служба на Украина уби некои пропагандисти на Кремљ

Од:

Генерал-мајор Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, призна дека нивните агенти убиле некои пропагандисти на Кремљ за време на руската инвазија.

Тој исто така рече дека Киев има намера да воспостави демилитаризирана гранична зона до речиси 100 километри внатре во руската територија за да спречи какви било идни напади. Станува збор за изјави, како што оценува британски „Тајмс“, кои ќе предизвикаат нови стравувања од ескалација на војната.

„Дали украинските тајни служби се насочени кон руските пропагандисти? Па, да: веќе успешно таргетиравме многу луѓе. Имаше многу публикувани случаи за кои сите знаат, благодарение на медиумското покривање“, одговори 37-годишниот Буданов на прашањето дали украинските безбедносни служби убиле руски пропагандисти, говорејќи за украинскиот Јутјуб канал Ризни Људи (Различни луѓе).

Меѓутоа, како што пренесува рускиот независен портал Медуза, Буданов исто така истакна дека морал да го каже она што специјалните служби ширум светот секогаш им го кажуваат на новинарите, а тоа е дека тие не можат да коментираат за оваа работа и нема ниту да потврдат ниту да демантираат каква било информација.

Неколку влијателни провоени личности се убиени или ранети од експлозиви поставени на руска територија од февруари минатата година. Во последниот таков инцидент, на 6 мај, на 47-годишниот писател Захар Прилепин, кој се фалеше дека убива Украинци „во голем број“, му беа скршени двете нозе при експлозија на автомобил-бомба во која загина неговиот телохранител. Нападот се случи во близина на Нижни Новгород, на околу 420 километри источно од Москва.

Руските истражители рекоа дека го испрашуваат осомничениот Александар Пермјаков, кого го обвинија дека соработувал со украинските разузнавачки служби.

Владлен Татарски, вистинско име Максим Фомин, екстремно влијателен 40-годишен провоен руски воен блогер и наводен соработник на водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, e убиен со експлозив скриен во бистата што ја доби на дар во кафуле во Санкт Петербург. Бистата му ја врачи 26-годишната Дарја Трепова, која руските истражители ја обвинија за тероризам и за убиство.

Руското Министерство за внатрешни работи, сепак, објави дека е распишана потерница по Јуриј Денисов, украински државјанин за кој тврдат дека два месеци го следел Татарски од стан во близина на неговата куќа. Наведено е дека тој пристигнал од Летонија по инструкции на „украинските специјални служби“.

Минатиот август, 29-годишната Дарја Дугина, провоена коментаторка на државниот про-Кремљ телевизиски канал RT, беше убиена од автомобил-бомба.

Се смета дека е можно нејзиниот татко Александар Дугин, ултра-националистички идеолог за кој се вели дека има силно идеолошко влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, всушност бил мета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина