„Бромиум“: Кибер криминалот е „најисплатлива“ работа во Велика Британија

Од:

Во новиот извештај на фирмата за безбедност на интернет „Бромиум“ се наведува дека кибер криминалот навистина се исплати, бидејќи кибер криминалците заработуваат и до два милиони евра годишно.

Во документот се посочува дека кибер криминалците годишно заработуваат исто како извршен директор на некоја компанија.

– Еден кибер криминалец во Велика Британија троши по 2.000 фунти на проститутки, друг троши повеќе од еден милион евра на скапи спортски автомобили и казина во Лас Вегас. „Просечените“ хакери заработуваат малку помалку од еден милион евра годишно, а почетна плата во кибер криминалот е околу 50.000 евра, се наведува во извештајот на „Бромиум“.

Студијата е изработена од Универзитетот Сари, при што е утврдено дека кибер криминалците се многу професионални и ја копираат структурата на легитимните технолошки компании како „“Убер“ и „ЕрБнБ“.

„Бромиум“ истакнува дека хакерите ретко одговараат пред законот бидејќи виртуелно се невидливи, а за властите еден од најголемите предизвици е да уапсат професионален хакер.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија