Бројот на жртвите во железничката несреќа во Канда достигна 15 лица

Од:

Бројот на жртвите во железничката несреќа во канадската покраина Квебек, каде во саботата товарен воз со 72 вагон-цистерни со нафта излета од шините се зголеми на 15, додека 50 луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска канадската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата покренува кривична истрага за откривање на причините за експлозијата, како и дека постои мала веројатност дека станува збор за терористички акт.

Портпаролот на полицијата Мајкл Форгет не откри многу детали за истрагата, нагласувајќи дека не е познато дали по истрагата ќе бидат покренати кривични пријави.

Директорот на американската железничка компанија, чиј товарен воз со 72 цистрени нафта пред два дена излета од шините во центарот на градот Лак-Мегантик во канадската провиниција Квебек, на 250 километри источно од Монтреал, ги обвини пожарникарите за железничката несреќа, што е најтешката во поновата историја на Канада.

Едвард Буркхарт, директор на компанијата „Монтреал, Мејн, Атлантик Рејлвеј“ ги обвини пожарникарите дека ги ослободиле кочниците кога тој бил запрен во Нант, на околу 13 километри од Лак-Мегантик, за промена на машиновозачот и останатиот персонал. Пожарникарите биле повикани да изгаснат помал пожар во еден од петте вагони на возот.

Шефот на пожарникарската служба во Нант Патрик Лембер ги отфрли обвиненијата на Буркхарт и нагласи дека 12-те пожарникари што работеле на гаснење на пожарот ги следеле сите соодветни работни постапки.

Во експлозијата уништени се четири кварта, вклучително 30 згради, меѓу кои и библиотека, а околу 2.000 жители се евакуирани. Лак-Мегантик е мал град со околу 6.000 жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски