Бројот на жртвите во земјотресот во Кина веќе нарасна на 615

Од:

Бројот на жртвите во разорниот земјотрес што, пред четири дена, го погоди југот на Кина нарасна на 615, а 114 лица  и натаму се  водат како исчезнати, објави кинеската агенција Ксинхуа.

Во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, во планинско подрачје на кинеската провинција Јунан, исто така, се повредени 3.143 лица, пренесе агенцијата.

Бројот на жртвите секојдевно расте бидејќи спасувачите дури по четири дена конечно успеале да се пробијат до оддалечените планински места погодени од земјотресот.

Околу 10.000 војници и повеќе стотици доброволци се испратени на местото на несреќата за да помогнат во расчистувањето на разурнатите патишта и да пронајдат евентуални преживеани, но нивните  напори се отежнати заради интензивниот дожд и одрони.

Во провинцијата Јунан земјотресите се честа појава, па така во 1970 година во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер погинаа дури  15.000 лица.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски