Бројот на жртвите во Дака се искачи на 1.100

Од:

Бројот на загинати во урнатата зграда во Дака, во која се наоѓаа пет фабрики за текстил, а во кои беа вработени повеќе илјади работници се зголеми на над 1.100, пренесе „Асошиејтед прес“.

Поради лошото време во текот на ноќта спасувачите ја прекинаа работата, но утрово продолжија да ги бараат телата на жртвите во несреќата, која што се случи пред две недели поради рушење на осумкатната зграда.

-Се уште внимателно работиме на расчистување на рушевините, бидејќи има уште жртви. Телата се во фаза на распаѓање и не се препознатливи- изјави лидерот на спасувачката екипа мајор Моазем Хусеин.

Тој рече дека се обидуваат телата да ги идентификуваат со помош на лична карта.

Спасувачките екипи во петок ја пронајдоа младата работничка која успеа 17 дена да преживее под рушевините.

Повеќе од 2.500 лица се спасени по трагедијата која се случи на 24 април, додека 1.120 лица досега се водат како загинати.

Официјални лица тврдат дека сопственикот Рана Плазе нелегално изградил уште три ката и им дозволил на фабриките да инсталираат тешки машини и агрегати и покрај тоа што објектот не можел да издржи толкав товар.

Притворени се сопственикот на зградата и уште осум лица меѓу кои и сопствениците на фабриките за облека.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници