Бројот на жртвите од уривањето на зградата во Бангладеш се искачи на 501

Од:

Бројот на жртвите при уривањето на зградата во главниот град на Бангладеш, Дака минатата недела, според најновите податоци, се искачи на 501 лице.

Новото зголемување на билансот на жртви уследи откако во текот на минатата ноќ и претпладнево спасувачките екипи под урантините на зградата пронајдоа неколку десетици трупови на загинати.

Се очекува конечниот биланс на загинати да биде уште поголем, имајќи предвид дека 120 лица се уште се водат како исчезнати и се претпоставува дека се затрупани под урнатините на зградата.

Во врска со уривањето на објектот полицајата го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата. Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемераени од сопствениците на објектот.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници