Бројот на жртвите од ураганот „Метју“ во САД достигна 21 лице

Од:

Најмалку 21 лице загинаа во САД при движењето на ураганот „Метју“, а речиси половина од жртвите се во Северна Каролина, каде петмина се водат како исчезнати.

Жртви има и во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Во Северна Каролина најмалку 1.500 лица останале без своите домови поради поплави во крајбрежните градови.

Без електрична енергија останале околу еден милион луѓе, од кои најголем број во Јужна Каролина.

Сојузната агенција за вонредни ситуации предупреди дека опасноста за животите на луѓето во Северна и Јужна Каролина поради последиците од ураганот ќе продолжи и во следните неколку дена поради поплавите.

Претходно, „Метју“ им ги одзеде животите на над илјада лица на Хаити.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија