Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се искачи на 877

Од:

Бројот на загинати на Хаити при налетот на ураганот Метју достигна 877 лица, додека десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Најновите податоци за бројот на загинати пристигна  откако се прибрани информациите од областите кои беа отсечени поради ураганот, а каде загинале најмалку 175 лица.

Силниот ураган во бранови ги погоди неразвиените села, со кои дури сега е воспоставен контакт, пренесува Танјуг.

Во најмалку три места, пријавени се десетици загинати, вклучувајќи го и ридското село Шантал, каде претседателот на месната заедница изјави дека 86 лица смртно настрадале, повеќето откако дрвја им паднале на куќите, додека уште 20 се водат за исчезнати.
„Бројот на жртвите секојдневно се зголемува, дури и од час во час, а уште поголем број луѓе се повредени, додека 61.500 се наоѓаат во засолништа“, соопшти централната Агенција за цивилна заштита на Хаити.

Ураганот Метју зад себе остави хаос, па освен загинатите и повредените, огромен број граѓани останаа без своите домови, а целосно се отсечени патиштата кон неколку окрузи.
Во меѓувреме, ураганот Метју ослабна до бура од втора категорија, јави ДПА, цитирајќи го Националниот центар за урагани на САД.

Брзината на ветровите се намали до 175 км на час. Метју се движи со брзина од 19 километри на час и се уште е над југоисточниот дел на САД.

Во американската држава Флорида, ураганот усмрти четири лица, кои се единствените загинати во САД од оваа природна катастрофа. Во Флорида без електрично напојување останаа над еден милион лица.

Од средата откажани се околу 5.000 летови во југоисточниот дел на САД.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи