Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се искачи на 842

Од:

Бројот на загинатите на Хаити при налет на ураганот Метју се изкачи на 842 луѓе, додека десетина илјади лица останаа без домови, а посевите се уништени, соопшти службата за цивилна заштита и локалните претставници.

– Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.

Ураганот Метју остави хаос зад себе, па покрај загинатите и повредени луѓе, целосно се отсечени патиштата во неколку окрузи.

Хаити често е на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на патеката на ураганите, а во јануари 2010 година земјата беше погодена од силен земјотрес при што поголем дел од Порт о Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе. 

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи