Бројот на жртвите од разурнувачкото торнадо, што во петокот удри врз Оклахома, достигна 18 лица, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Меѓу жртвите има шест деца. Загинати се и тројцата искусни „ловци на бури“. Претходно беше соопштено дека меѓузагинатите е познатиот американски истражувач на оваа природна појава Тим Самарас, напоменуваат агенциите.
Гувернерот на Оклахома, Мери Фолин, предупреди дека бројот на жртвите може уште да се зголеми, бидејќи спасувачите и натаму трагаат по исчезнати лица во поплавените реони.
Пет лица се уштее се водат за исчезнати. Во петокот врз државата Оклахома, како и државите од Средниот Запад, Мисури и Илиноис, истовремено удрија пет торнада. Пред тоа, на 20 мај, торнадо мина преку предградието Мур на Оклахома, убивајќи 24 лица и разурнувајќи илјадници згради.