Бројот на жртвите на бродоломот во Јангце достигна 431, а 11 лица се водат за исчезнати

Од:

Бројот на лицата кои загинаа при превртувањето на туристички брод „Донгфангжиксинг“ во реката Јангце, во јужната кинеска провинција Хубеј, на 1 јуни, според последните податоци се искачи на 431, соопшти претставник на властите во Пекинг.

Во време на несреќата на бродот имаше 456 патници и членови на екипажот. Повеќето од патниците биле на возраст меѓу 50 и 80 години. Бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“) пловеше од градот Нанџинг кон Чонгчинг во југозападна Кина.

Несраќата ја преживеаја само 14 лица, меѓу кои се и капетанот и главниот инженер на бродот, кои беа веднаш приведени. Истражните органи се уште тратат по 11 лица, кои ги водат како исчезнати.

Според кинеските државни медиуми, несреќата се случила кога бродот бил зафатен од силен циклон, со ветер од 130 километри на час, по што пловилото се превртело. Хсинхуа јави дека на местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.

Весникот на владејачката Комунистичка партија на Кина, „Женмин Жибао“ објави дека превртувањето на бродот траело околку две минути, по што тој продолжил да се движи по реката уште три километри и конечно запрел во близина на речниот брег.

Ова утро крај извадениот брод беше извршен помен за мртвите со учество на најблиските роднини на загинатите и спасувачите. Денеска е седмиот ден од потонувањето на бродот, а според кинеската традиција тоа е клучен момент за оплакување на мртвите. Над 1.400 роднини на жртвите пристигнаа во Јангце, а повеќето од нив беа незадоволни од недостигот на информации.

Владата соопшти дека прави се што е можно за да им помогне.

Бродот беше изваден во петокот вечерта со помош на пловни кранови.

Продолжува работата на спасувачките екипи. Реката Јангце се пребарува до Шангај и е делумно преградена со специјална мрежа.

Бродот „Звезда на истокот“ беше долг 76,5 метри и висок 11 метри. Капацитетот му беше 534 патници, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски