Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Од:

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, соопшти венецуелското Министерство за информации. Како што е наведено, 16.470 лица се повредени во серијата разорни земјотреси, додека околу 17.345 жители останаа без покрив над главата, пренесува Ројтерс.

Венецуела беше погодена на 24 јуни од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, а крајбрежната држава Ла Гваира беше најтешко погодена, како и главниот град Каракас.

По овие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси со претежно послаб интензитет, од кои еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Мадуро бара судот во САД да ги отфрли обвиненијата: „Имам имунитет“

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

ВИДЕО: Трамп објави голем нафтен договор со Венецуела