Бројот на жртви во самоубиствениот напад во Авганистан достигна 57 лица

Од:

Бројот на жртви во вчерашниот самоубиствен напад на одбојкарски натпревар во источниот дел на Авганистан е зголемен на 57, откако 15 повредени починаа во текот на ноќта, јавија локалните власти.

Портпаролот на Националната агенција за безбедност Хасеб Седики изјави дека одговорна за нападот е тврдокорната исламистичка милитантна мрежа „Хакани“.

– Имаме докази што покажуваат дека мрежата Хакани стои зад нападот во Пактики, изјави Садики.

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Седик Седики меѓу жртвите за време на експлозијата се десет припадници на локалната полиција.

Во најсмртоносниот напад во Авганистан до 2011 година, бомбаш самоубиец активира експлозив меѓу стотина гледачи на турнир меѓу неколку локални клубови. Според очевидци напаѓачот се доближил до полицискиот командант и се ракувал со него, по што извикал „Алаху Акбар“ и ја активирал бомбата.

– Слушнав во дел од секунда пред експлозијата како бомбашот извикува Алаху акбар, изјави припадник на полициската област Јахјакаил.

Според портпаролт на властите од провинцијата Пактика, Мохлис Авган, 42 лица загинале на местото на експлозијата, меѓу кои и пет деца. Околу 53 повредени лица со хеликоптери се пренесени во болница во главниот град Кабул, меѓу кои 17 деца.

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани, што на власт е од септември годинава, ги посети повредените и го осуди нападот како нечовечки и неисламски. – Овој вид на брутално убивање цивили нема оправдување, истакна Гани.

Нападот го осуди и пакистанскиот премиер Наваз Шариф, истакнувајќи дека борбата против тероризмот е заеднички непријател на двете земји.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски