Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24, меѓу нив има и три деца

Од:

Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта се искачи на 24, вклучувајќи три деца.

„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм.

Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина