Бројот на загинати во најсмртоносниот напад во Сомалија извршен пред една недела достигна 358 лица, напиша на Твитер сомалискиот министер за информации Абдирахман Осман.
Вкупно 228 луѓе се повредени, а 56 се водат како исчезнати по нападот со камион-бомба во сомалискиот град Могадишу.
Владата во Сомалија ја обвини за нападот радикалната група „Аш Шабаб“, која е поврзана со Ал Каеда и има извршено десетици напади во земјата.