Бројот на загинати во лавини во Северен Авганистан достигна над 250 лица. Лавини се активираа во неколку провинции, што изминатите неколку дена беа зафатени од силни снежни врнежи, јавија локалните власти.
Само во Панжшир загинаа најмалку 186 лица, изјави гувернерот на провинцијата Абдул Рахман Кабири, нагласувајќи дека податоците не се конечни.
Денеска се очекува во посета на местата на несреќите во провинцијата да пристигне и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Лавините се причинети поради обилните снежни врнежи, што го зафатија од почетокот на неделата планинскиот регион на Северен Авганистан.