Бројот на жртви во бродската несреќа на Филипините се зголеми на 59 лица

Од:

Бројот на жртви во превртувањето на траектот „Ким Нирвана“, што се случи во четвртокот во морето кај пристаништето Ормок на Филипините, се зголеми на 59 лица.

Како можна причина за несреќата се наведува и пренатрпаноста со патници и товар.

Доцна синоќа полицијата на Филипините покрена кривични пријави против сопственикот и екипажот поради предизвикување смрт на патниците.

Капетанот на крајбрежната стража Педро Тинампеј рече дека се спасени 140 луѓе и оти бродот е подигнат од водата.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони