Бројот на жртви во авионската несреќа во Индија се искачи на 274

Од:

Бројот на жртви во авионската несреќа во Ахмедабад во северозападна Индија се искачи на 274, објави индиската медиумска компанија „NDTV“.

Спасувачките екипи продолжуваат да ја пребаруваат областа во станбена зона на градот Ахмедабад.

Спасувачите со специјално обучени кучиња го пребаруваат местото каде што се урна Боингот 787-8, само неколку минути по полетувањето.

Опашката на авионот е сè уште видлива на вториот кат од зградата каде што се урна авионот, каде што живееја лекари и студенти по медицина од блиската болница.

„Официјалниот број на жртви ќе биде објавен дури кога ќе бидат завршени ДНК анализите“, изјави индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах, објави телевизиската станица Bfm.

На местото на падот на авионот на Ер Индија во Ахмедабад е пронајдена црна кутија, потврди индискиот министер за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду Кинџарапу, пишува Би-Би-Си.

Министерот истакна дека откривањето на црната кутија претставува „важен чекор во истрагата“ и дека значително ќе придонесе за разјаснување на причината за несреќата.

Црната кутија е пронајдена во рок од 28 часа од падот, соопшти Бирото за истрага на воздушни несреќи (AAIB), кое ја води истрагата со помош на американски и британски експерти.

Би можело да ве интересира

Постојат 354 активни модели како Боингот што се урна во Индија

А1он

Момент на среќа пред трагедијата – брачен пар доктори и нивните три деца

А1он

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија

А1он

(ВИДЕО) Ja преживеа авионската несреќа во Индија: Тела беа насекаде околу мене

А1он

Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија – авионот се сруши врз медицински колеџ

А1он

(ВИДЕО) Mожна причина за падот на авионот во Индија – делови од крилата се во погрешна положба при полетувањето

А1он